Кој ќе ја негира Библијата ќе добие 10.000 долари

Од:

Американскиот научник Џозеф Мастеропаоло, кој верува дека светот го создаде Господ нуди 10.000 долари на секој кој пред судот може да докаже дека науката ја негира интерпретацијата на Книгата за настанокот.

Аргументацијата не би се одвивала на вистински суд, туку преку алтернативен облик на расправа, т.н. мини судење.

Тоа нема да биде одржано во судница, но Мастропаоло тврди дека на расправата ќе бидат присутни судски службеници и судија, додека доказите мора да бидат објективни.

-Еволуционистите не се глупави луѓе, тие се доволно умни за да знаат дека не постои научен доказ, кој може да се претстави на вакво судење. Во вселената не постои ништо што еволуира, се оди во спротивен правец – изјави тој.

Мастеропаоло додаде дека ќе направи листа на потенцијални судии, но дека за конечната одлука ќе треба да дадат согласност сите учесници.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата