Коцијанчич: ЕУ е неутрална во однос на статусот на Косово

Од:

Европска унија строго се придржува до принципот на неутралност за статусот на Косово, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпаролка на виосоката претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

– Ние статусно сме неутрални, како во билатералните контакти така и кога станува збор за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, истакна Коцијанчич на прес-конференција во Брисел.

Таа одговори и на новинарско прашање зошто на понеделничката средба на косовскиот премиер Иса Мустафа со европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан покрај знамето на ЕУ не беше истакнато и знамето на Косово.

– Признавањето или непризнавањето на Косово е одлука која самостојна ја носат земјите-членки, наведе Коцијанчич, додавајќи оти пет земји-членки на ЕУ не го признале Косово.

Таа, на прашањето дали тоа значи дека Косово за ЕУ не постои, наведе дека Унијата е ангажирана во подобрувањето на животот на граѓаните на Косово и да ги поттикне реформите. Коцијанчич потсети и дека ЕУЛЕКС е најголема европска мисија во светот.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија