Провладините сили во Либија постигнаа впечатливи резултати во борбата против организацијата Исламска држава и наскоро ќе ја ослободат целата територија во земјата, која е под контрола на џихадистите, изјави специјалниот пратеник на Обединетите нации за Либија, Мартин Коблер на седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на состојбата во северноафриканската земја.
Коблер нагласи дека во судирите за контрола врз градот Сирт загинале над 500 Либијци, а 2.500 биле ранети.
Тој изрази благодарност до земјите, кои пружаа помош во операциите на провладините сили, меѓу кои и САД, чија борбена авијација вршеше напади врз позиции на исламистите.
Коблер сепак изрази загриженост од падот на добивката на нафта во Либија.
Тој истакна дека Либија произведува сега по 200 илјади барели нафта дневно, што е најниското ниво во изминатите пет години. Тогаш земјата добивала седум пати повеќе нафта, по 1,4 милиони барели дневно.
Клучните нафтени терминали меѓу Бенгази и Сирт паднаа под контрола на силите на генералот Халифа Хафтар, кој се противи на силите на Владата на националниот спас на Либија.