Силите на коалицијата предводена од САД нанесоа удари врз главниот гасовод под контрола на „Исламска држава“ во Сирија, соопшти невладината организација Сириски центар за набљудување на човековите права.
– Меѓународната коалиција првпат го нападна влезот и салата за молитва на фабриката „Конеко“ во источната провинција Деир ал Зур, истакна директорот на организацијата Рами Абдел Рахман.
Според него, целта на нападот била да ги натера џихадистите да ја напуштат фабриката, која е најголема во Сирија. Неколку џихадисти биле ранети, додаде тој.