Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови на Денот на победата

Од:

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови од утре до понеделник, во периодот кога Русија го одбележува Денот на победата, бидејќи западните власти издадоа предупредување дека рускиот претседател Владимир Путин би можел официјално да и објави војна на Украина на 9 мај, симболичниот ден за Русија.

Иако градоначалникот на Киев формално не воведува полициски час, во тоа време нема да се организираат настани, според објавите на неговите социјални мрежи, јави Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека патролите во градот ќе бидат засилени.

– Ако некој сака да оди да положи цвеќе, може да го направи тоа сам… Внимавајте и придржувајте се до правилата за воена безбедност, посочи Кличко.

– Исто така ве замолувам да не ги игнорирате воздушните предупредувачки сигнали и веднаш да се засолните. Во наредните денови постои голема веројатност за ракетни напади во сите региони на Украина. Внимавајте и грижете се за сопствената безбедност!, предупреди градоначалникот на Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков