Клекнатите американски војници пред авионот на Путин предизвикаа бес во Киев

Од:

Додека трае самитот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, реакциите од Украина не престануваат да доаѓаат. Жителите се огорчени од раскошниот црвен тепих што американската страна му го приреди на рускиот претседател, а една фотографија што се шири на социјалните мрежи привлече посебно внимание.

На неа се прикажани американски војници на колена како го одмотуваат црвениот тепих на скалите од авионот на Путин, што предизвика лавина од негативни коментари, објавува Скај њуз. Иако очигледно морале да се наведнат за да го направат тоа.

Уредникот на Скај њуз истакнува дека сцените од приемот доминираат во онлајн дискусиите во Украина. „Социјалните медиуми се преполни со бес, гнев и гадење од она што го гледаат“, рече тој.

Тој додаде дека тимот на Трамп отишол чекор понатаму во добредојдето, што дополнително им наштетило на Украинците. „Постојат различни начини за добредојде на светски лидер на ваков настан, а Доналд Трамп направи сè за да му пружи на Путин огромна добредојде, што ги вознемирува Украинците“, објасни тој.

Негодувањето на граѓаните можеби најдобро се сумира со изјавата на еден Украинец цитиран од уредникот на Скај њуз: „Тој окупира територии, уништува цели градови, убива, силува, ограбува, киднапира, мачи и како резултат на тоа добива добредојде на црвен тепих“.

Би можело да ве интересира

Москва: Путин ви порача заврши „балот на вампирите“

Горан Наумовски

Путин се споменува повеќе 1000 пати во документите за Епстин

Катерина Ѓуровски

Украина бесна на претседателот на ФИФА: Морален дегенерик

Катерина Ѓуровски

Украина се согласи на план за прекин на огнот, Западот заеднички ќе и одговори на Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ништо од ветувањето на Путин на Трамп дека нема да го напаѓа Киев

Путин изгуби клучен сојузник, Трамп даде понуда што не може да се одбие

А1он