Клаус: Миграцијата не е дадено право

Од:

Според поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус нема и не може да постои правото на миграција во човечкото општество, јави дописникот на МИА од Прага. Тој смета дека главниот проблем на денешните миграциска криза е дека поголемиот дел од оние што доаѓаат мислат дека имаат право на тоа.

– Ним им се кажува дека имаат право на тоа и тоа е страшна грешка, изјави Клаус за Чешката државна телевизија (ЧТ).

Тој рече дека со задоволство се согласува со изјавата на шефот на државата Милош Земан дека ,,земјата е наша” и луѓето пред се треба да живеат во нивните матични земји, а миграцијата е ,,екстремна и апсолутно вонредна состојба”.

– На пример, уште во комунизмот беше одлично да ја напуштиш земјата, каде што не ни се допаѓаше. Но никогаш не сум имал чувство дека некоја земја има обврска да ме прифати. И ова треба да важи за сите мигранти денес, истакна тој.

Клаус додаде дека „глупоста на Европа е бесконечна, а кризата која сама ја создаде е јасна”.

За него, регистрираните повеќе од еден милион бегалци само во Германија се закана за културниот идентитет на Европа.

– Секој, кој има отворени очи, мора да се грижи за тоа. Тоа се луѓе кои доаѓаат од различни култури, цивилизации, религии, континенти, други навики и начин на живот. А Исламот во тоа е исклучителен елемент, вели поранешниот чешки претседател.

Вацлав Клаус, есента, го иницираше основањето на платформата, која, според неговите претстави треба да и даде мандат на Владата да одбие да ги прифаќа бегалците врз основа на задолжителни квоти од земјите на ЕУ.

– Но сега, не е примарно прашање распоредувањето на стотици илјади бегалци, како што беше споменато во септември. Ако допатувале во Европа, еден и пол милиони луѓе, а се претпоставува дека идната година ќе бидат три милиони, не се работи воопшто за мудрото бриселско распоредување, туку мигрантите ќе се распоредуваат сами, а тоа е тој основен проблем, вели Клаус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка