Ќерката на поранешниот ирански претседател Рафсанџани ослободена од затвор

Од:

Ќерката на поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани денеска е ослободена од затворот во Техеран, откако издржа шестмесечна казна поради пропаганда против власта, изјави адвокатот на Фаезех Хашеми.

Фаезех беше уапсена заедно со стотици други демонстранти за време на протестите во 2009 година против реизборот на шефот на државата Махмуд Ахмадинеџад, кој опозицијата го смета за фалсификуван.

Таа беше осудена за пропаганда против режимот и призна дека е виновна во 2011 година, но издржувањето на казната започна една година подоцна.

Против нејзиниот брат, Мехди Хашеми, исто така се води судски процес под обвинение дека претставувал закана за националната безбедност за време на протестите во 2009 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски