Кинезите први се договорија со талибанците за нафтата

Од:

Талибанските власти потпишаа договор со кинеска компанија за извлекување нафта од басенот Аму Дарја во северен Авганистан, објави Си-Ен-Ен.

Договорот е потпишан со кинеската компанија „Ксинџијанг Централна Азија Оил и Гас“ и тоа е прв голем меѓународен договор со Талибанците за екстракција на нафта откако тие ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година.

Договорот е потпишан во Кабул во присуство на заменик-премиерот за економски односи на Талибанците, Абдул Гани Барадар и на кинескиот амбасадор во Авганистан, Ванг Јуе, се наведува во соопштението на талибанската влада.

Барадар рече дека договорот е во најдобар интерес на Авганистан и додаде дека ќе ја зајакне економијата на земјата.

„Кога станува збор за природните ресурси, Авганистан е богата нација. Освен различните минерали, нафтата е богатството на авганистанскиот народ на кое земјата може да се потпре“, рече Барадар.

Според договорот, кинеската компанија ќе инвестира до 150 милиони долари годишно, што ќе се зголеми на 540 милиони за три години.

„Овој проект ќе обезбеди работа за 3.000 Авганистанци“, се вели во соопштението на Талибанците. Досега ниту една земја официјално не ги признала талибанците, но Кина има значителни инвестиции во регионот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан

Ана Ололовска

Најмалку 157 Авганистанци починаа од студ

А1он

Талибанците во Авганистан камшикуваа девет мажи на стадион

А1он

Авганистанска политичарка убиена во Кабул

Ана Ололовска

„Ексон“ ја криел вистината од јавноста цели 50 години

САД: Ограничувањето на цената на руската нафта ја ограничи заработката на Русија