Кинеско МНР: Експлозијата кај Амбасадата на САД во Пекинг е изолиран инцидент

Од:

Кинеското Министерство за надворешни работи ја оквалификува денешната експлозија близу американската амбасада во Пекинг како „изолиран инцидент“’.

– Пекиншката полиција брзо и соодветно се справи со ситуацијата, изјави портпаролот на кинеското МНР Гин Шуан.

Полицијата во Пекинг претходно потврди дека Цјан Моумоу (26) од Внатрешна Монголија, област во Кина, го поставил експлозивот. При експлозијата повредена е неговата рака и одведен е во болница.

Претходно, локалните медиуми информираа дека маж се обидел да фрли преку оградата своерачно изработена експлозивна направа, но таа предвреме експлодирала.

Очевидци за ТАСС изјавија дека момчето стоело на крајот на редицата за подавање документи во центарот за визи при американската Амбасада, со намера да замине во Лос Анџелес.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ