Кинеските власти побараа проверка на безбедноста во целата држава

Од:

Кинеското Министерство за индустрија и информациска технологија денеска нареди темелна проверка на безбедноста и сите безбедносни ризици на работните места на национално ниво, пет дена по експлозијата во складиште во Тјенцин во која загинаа 114 луѓе додека уште 70 луѓе (64 пожарникари и шест полицајци) се водат како исчезнати.

Истовремено, обвинители добија задолженија да истражат можно занемарување на обврските или злоупотреба на моќ што можело да придонесе за експлозиите во Тјенцин.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг истакна дека несреќата во Тјенцин мора темелно да се истражи и одговорните за неа мора да бидат изведени пред суд бидејќи „мора да дадат одговори на семејствата на жртвите, сите жители на Тјенцин и на сите Кинези и историјата“.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија