Кинескиот амбасадор во Куала Лмпур повикан да ги објасни своите изјави

Од:

Официјалните односи меѓу Малезија и Кина повторно се влошија откако кинескиот амбасадор во Куала Лумпур, минатиот петок изјави дека припадниците на кинеското малцинство во Малезија со право протестираат против третманот на етничките Кинези во таа држава.

Амбасадорот Хуанг Хуи Ханг, според официјалната новинска агенција Бернама, бил повикан во малезиското министерство за надворешни работи да ја објасни својата изјава, но тој не се појавил таму, објаснувајќи денеска дека за поканата дознал од медиумите и не бил лично повикан.

Аналитичарите оценуваат дека и покрај малезиското незадоволство поради оценките со кои кинескиот амбасадор го оправдувал протестирањето на припадниците на кинеската заедница, за овој дипломатски инцидент не ќе се решава се додека првите луѓе на Кина и Малезија не се во своите држави, поради учеството во работата на Генералното собрание на ОН.

Во последните две децении Кина стана најважен политички и економски партнер на Малезија во која над една четвртина од 30,7 милиони жители се од кинеско етничко потекло. До нормализацијата на односите меѓу двете држави дојде од кога тогашните власти во Малезија формално се откажаа од официјалната политика според која Малајците, како домороден народ, имаат предимство во остварувањето на правата. Апсурдно беше тоа што над 90 отсто од економијата и капиталот беа во рацете на Кинези што живеат во Малезија, а неколкуте обиди со големи инвестиции моќта во економијата да премине во рацете на домородното малајско население беа и големи инвестициски промашувања.

Иако толеранцијата меѓу двата народи е значајно подобрена, меѓуетничките односи беа пореметени по исчезнувањето на малезискиот авион што леташе на релацијата Куала Лумпур – Пекинг, во кој најбројни патници ба Кинези.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија