Кинеската полиција спаси 92 киднапирани деца и две жени, уапсени 301 лице

Од:

Кинеската полиција спасила 92 деца и две жени, кои биле киднапирани од една криминална банда за да бидат продадени, а во го0лемата акција е приведено 301 лице, јавија денеска државните медиуми.

Ова е едно од најобемните апсења во последните години, пренесоа британските медиуми.

Полицијата неодамна изведе истовремена рација на повеќе локации во 11 кинески провинции, по шест месеци истрага, јавија државните медиуми, повикувајќи се на Министерството за јавна безбедност.

Засега не е соопштено кога точно децата биле спасени. Не е познато ни колку меѓу нив се момчиња, а колку девојчиња. Традиционалната наклонетост кон момчињата, посебно во селските области, и стриктната политика на едно дете, во последните години доведоа до зголемен број криумчарења на деца и жени.

Киднапираните жени се продаваат во руралните области, на мажи кои не успеале да се оженат.

Државната телевизија наведе дека на киднаперите ќе им бидат изречени остри казни.

Кинеската агенција  Ксинхуа додаде дека ќе бидат казнени и родителите кои си ги продаваат своите деца.

Пред две години, кинеската полиција соопшти дека во претходните две години спасила повеќе од 13.000 киднапирани деца и 23.000 жени.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија