Кинеска полиција спаси бебе заглавено во цевка во јавен тоалет

Од:

Полицијата во Пекинг спаси новороденче кое се заглавило со главата надолу во цевка во јавен тоалет.

Девојчето е во болница во главниот град и е во стабилна состојба, а властите се обидуваат да ги пронајдат нејзините родители.

Во таа земја се случува, немажените мајки да ги оставаат нивните новороденчиња заради притисокот од општеството, а понекогаш ги отфрлаат доколу детето е родено со дефект.

Полициските официјални лица соопштија дека не забележале никаков дефект кај бебето кои внимателно го извлекле по информацијата дека се слуша плачење на бебе..

Познат е и случајот кога спасителите во источната кинеска провинција Зејанг во 2013 година внимателно ги сечеја цевките од канализацијата за да го спасат бебето, кое, по зборовите на нејзината мајка, случајно се лизнало од тоалетот.

Во извештаите на локалните медиуми се наведува дека жената останала бремена по секс за една вечер и дека бременоста ја криела од нејзините родители и подоцна на полицијата признала дека таа е мајката.

Би можело да ве интересира

Адидас истражува случај на корупција во Кина, проценет на стотици милиони евра

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

(ВИДЕО) Американски професори се избодени со нож во Кина

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Кина

ВИДЕО: Кинеска сонда зеде примероци од темната страна на Месечината

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината