Кинеските власти уапсија 42-годишен маж обвинет за измама со автомобилско осигурување, откако е откриено дека дека во период од три години во просек секој трет ден имал сообраќајна несреќа.
Возачот од кинеската провинција Шенжен од 2010 година до мај оваа година предизвикал 334 сообраќајни несреќи со својот автомобил и за истите поднесувал барање за исплата на оштета.
Сударите ги предизвикувал така што за време на сообраќајниот метеж возел зад друг автомобил и полека удирал без да се повреди, изјави полицијата во јужниот кинески град Шенжен.Возачот потоа ги поткупувал автомеханичарите за поголема проценка на штета. На овој начин од осигурителните компании наплатил вкупно 357.000 јуани, односно 58.000 долари.
Измамите со автомобилско осигурување се многу чести во Кина. Минатата година полицијата откри измама тешка 13 милиони јуани, односно два милиони долари во која биле вклучени 95 лица.