Кина усвои закон за невоени активности на нејзината армија

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг потпиша наредба со која се прогласуваат пробни правила за невоени дејствија на армијата, објави новинската агенција Синхуа.

„Правилата се наменети за заштита на животот и имотот на луѓето, суверенитетот, безбедноста и интересите на земјата, светскиот мир и стабилноста во регионот. Овој збир на одредби, кој се состои од шест поглавја и 59 членови, ќе послужи како правна основа за невоена акција на армијата и ќе стапи на сила на 15 јуни 2022 година. се наведува во информацијата.

Според Глобал тајмс, кој се повикува на анонимен воен експерт, одредбите ќе обезбедат правна основа за кинеските војници да извршуваат задачи како што се помош при катастрофи, хуманитарни мисии и мировни операции, како и да ги постигнат целите за „заштита на националниот суверенитет и кинеските безбедносни и развојни интереси“.

Според аналитичарите интервјуирани од медиумите, новите правила ќе и овозможат на кинеската војска да ги чува виталните транспортни патишта за стратешките ресурси како нафтата, како и да ги штити инвестициите, проектите и персоналот надвор од земјата.

Од своја страна, Радио Слободна Азија, кое е финансирано од американската влада, изрази загриженост во врска со мноштвото регулативи. Според нив, Пекинг можеби се подготвува за специјална операција против Тајван, која нема да биде класифицирана како воена акција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија