Кина со критики за САД поради присуство во Јужното Кинеско Море

Од:

Кинеските власти упатија повик до САД да прекинат со испраќање свои бродови и воени авиони во близина на острови врз кои Пекинг тврди дека има право во Јужното Кинеско Море.

Високиот кинески претставник Јанг Џиечи го изнесе тој став на својата влада по најновата рунда безбедносни разговори меѓу САД и Кина во Вашингтон.

Во исто време, американскиот министер за одбрана, Џим Матис изјави дека САД им одговориле на Кина дека американската војска „ќе лета, плови и оперира каде е дозволено со меѓународното право“. Матис додаде дека за време на синоќешниот состанок разговарал и за начините да се намалат воените тензии во односните меѓжу двете држави.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја критикува наводната кинеска милитаризација во Јужното Кинеско Море.

Би можело да ве интересира

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети