Кина размислува за испраќање оружје на Русија, тврдат САД

Од:

Кина размислува да испрати беспилотни летала и муниција во Русија за војната во Украина, соопштија американските власти, повикувајќи се на разузнавачки информации. Се чини дека Пекинг сè уште не донел конечна одлука и нема докази дека било испратено оружје, велат тие.

Сепак, преговорите меѓу Русија и Кина за цената и оружјето се во тек, пренесува CNN. Оваа вест доаѓа во време кога руската војска забрзано ги исцрпува резервите на муниција.

Русија постојано барала беспилотни летала и муниција од Кина, велат изворите, а кинеското раководство во изминатите месеци активно дебатирало дали да испрати или не клучна помош за Русија, се вели во соопштението.

Американските разузнавачи веруваат дека Кина во моментов ја фаворизира опцијата да и помогне на Русија и покрај тоа што вчера повика на мировни преговори и ги повика завојуваните страни да ги прекинат нападите врз цивилите.

Американските извори велат дека снабдувањето со беспилотни летала и муниција најверојатно ќе биде за мало оружје, како што се пиштоли, наместо за поголема артилерија.

„Кина има капацитет да го промени текот на војната“, вели висок претставник на американската администрација.

Ако Кина почне да и испраќа оружје на Русија, тоа ќе биде првпат Пекинг да обезбеди воена помош во конфликтот и покрај постојаното предупредување од САД.

американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека не очекува голема иницијатива од Кина за снабдување со оружје на Русија. но, рече дека акто тоа се случи САД ќе одговорат.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин