Кина почна со воени вежби во Јужното Кинеско Море

Од:

Кина почна со воени вежби во Јужното Кинеско Море, јавија денеска кинески државни медиуми пред одлуката на меѓународен арбитражен суд за спорот со Филипини поради територијални права над тие стратешки води.

Кинеската морнарица од синоќа извршува борбени вежби со ракети меѓу Парацелските Острови и јужниот кинески остров Хајан. Државната телевизија објави инсерти од воени авиони и бродови како испукуваат ракети, хеликоптери како полетуваат и подморници.

– Вежбите се фокусирани на операции за воздушна контрола, борби на море и противподморнички акции, е објавено на сајтот на кинеската армија.

Во вторник Постојаниот арбитражен суд во Хаг треба да донесе одлука за територијалниот спор меѓу Филипини и Кина.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина