Кина ја отфрли одлуката на Хаг: Никој не може да се меша во кинескиот суверенитет

Од:

Откако Меѓународниот арбитражен суд во Хаг пресуди во корист на Филипини во спорот кој државата го покрена против Кина, експертите стравуваат од создавање на уште поголем судир.

Судот кажа дека Кина нема историско право на Јужното кинеско море и на спорните острови.

Причина за спорот е положбата на островите Спретли на главниот пат за снабдување на Истачна Азија. Тоа е богато подрачје со риби, а се претпоставува дека токму тука има големи наоѓалишта на нафта и гас.

Кина во Јужното Кинеско море изгради и вештачки острови со воени бази, а нејзините подморници претставуваат закана за САД ако неприметно впловат во Тихиот океан.

Своите барања Кина ги заснова на нејасно дефинираната “линија на девет црти“ на мапа од 1940 година, додека Филипини и останатите соседни држави го оспоруваат тоа тврдење.

Кина смета дека Меѓународниот арбитражен суд во Хаг нема овластувања во овој случај, а претседателот Си Џинпинг кажа дека одлуката на судот нема на никаков начин на влијае на “кинескиот територијален суверенитет и поморските права“.

Антон Алифанди, аналитичар за Азија вели дека постои опасност да дојде до војна во која би учествувале Кина и државите од Југоисточна Азија.

Други експерти коментираат дека Кина е свесна за опасноста од ненамерна ескалација но сега ќе биде под притисок на домашната јавност да покаже отпор кон пресудата од Хаг и да демонстрира дека нема намера да го промени својот став.
Тие очекуваат дека кинеската одмазда може да вклучи интензивирање на изградбата на вештачки острови , блокада на филипинските бродови, прогласување на Зона на воздушна одбрана над Јужното кинеско море.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина