Кина: Извештаите за кинеско-руска координација пред рускиот напад на Украина се „лажни вести“

Од:

Кинеското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека извештаите за кинеско-руска координација пред рускиот напад на Украина се „лажни вести“.

Портпаролот на кинеското МНР Ванг Венбин, таквата пракса за одвлекување на вниманието и префрлање на внината ја оцени како „вредна за презир“.

„Њујорк тајмс“ на почетокот на февруари објави дека високи кинески функциониери побарала од руските колеги нападот на Украина да не биде додека не завршат Зимските олимписки игри во Пекинг. Весникот се повика на високи лица од администрацијата на Џо Бајден и европски дипломати, кои своите тврдења ги изнеле откако имале увид во разузнавачки извештаи на западни земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства