Кина и САД ги обновуваат трговските преговори

Од:

Делегации на Кина и на САД ќе се сретнат денеска и утре во Шангај за обновување на трговските преговори.

Тоа се првите тет-а-тет разговори од примирјето во трговската војна меѓу двете најголеми светски економии, кое претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг го договорија на средбата на Форумот на Г20 во Осака минатиот месец.

Очекувањата за постигнување напредок се мали. Претставници на властите и бизнисот се надеваат дека Вашингтон и Пекинг ќе успеат да ги утврдат своите ангажмани за „гестови на добра волја“ и да го расчистат патот за идни преговори.

За повеќе од една година, двете најголеми економии во светот воведоа меѓусебни давачки за увозот за милијарди долари. На самитот во Осака, Трамп и Си договорија обновување на преговорите за решавање на трговските несогласувања, кои прекинаа во мај, откако Вашингтон го обвини Пекинг дека се повлекува од претходно договорените точки.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците