Кина го осуди нападот врз аеродромот во Кабул и нуди соработка

Од:

Кина го осуди терористичкиот напад врз аеродромот во Кабул и изрази подготвеност да „работи со меѓународната заедница во справувањето со заканата од тероризам и да спречи Авганистан повторно да стане жариште на тероризмот“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан, во првиот коментар на Пекинг по вчерашниот смртоносен самоубиствен напад, пренесуваат американските медиуми.

Џао потврди дека во вчерашниот напад нема загинати или повредени кинески државјани, но ги советува своите сограѓани во Авганистан да ги „зајакнат безбедносните мерки“.

-Во меѓувреме, побаравме од релевантните страни да преземат мерки за да се осигури безбедноста на кинескиот персонал, рече Џао пред новинарите на редовниот брифинг.

Додека се зголемуваат критиките кон САД поради хаотичната ситуација на аеродромот во Кабул, кинеската амбасада во Кабул и натаму останува отворена и неодамна дури беше домаќин на разговори со талибанците.

Џао ја повтори загриженоста на Кина за исламското движење „Источен Туркестан“, што Пекинг го смета за закана за неговата безбедност.

-Шефот на авганистанските талибанци јасно и стави до знаење на Кина дека никогаш нема да дозволи никакви сили да ја користат авганистанската територија за да направат штетни работи кон Кина. Се надеваме дека релевантните страни ќе преземат ефикасни мерки за да обезбедат непречена транзиција во Авганистан и да обезбедат безбедноста на авганистанскиот народ и странските државјани, рече Џао.

Би можело да ве интересира

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

(ВИДЕО) Американски професори се избодени со нож во Кина

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Кина

ВИДЕО: Кинеска сонда зеде примероци од темната страна на Месечината

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина