Кина ги обвини САД за лицемерство во однос на човековите права

Од:

Кина денеска ги обвини САД за клевета, лицемерство и двојни стандарди во областа на човековите права, по изразувањето загриженост од страна на американскиот државен секретар Џон Кери и амбасадорот на САД во Пекинг поради состојбата со човековите права во Кина.

На редовна прес конференција во кинеското Министерство за надворешни работи, портпаролот Хонг Леј изјави дека Вашингтон е виновен за расни предрасуди, тортура и други сериозни кршења на човековите права, очигледно алудирајќи на извештајот на Сенатот на САД за тортурата на притворените осомничени за тероризам.

Хонг нагласи дека САД немаат никакво право да се прогласуваат за судии во оваа област и даваат неодговорни забелешки на други држави.

Во своето соопштение по повод вчерашното одбележување на Меѓународниот ден на човековите права Џон Кери меѓу политичките зтавореници низ светот кои се заложиле за промовирање на слободата го наведе и кинескиот дисидент и добитник на Нобелова награда за мир Луи Сјаобо.

Американскиот амбасадот во Кина Макс Баукус, меѓу другото, ја повика Кина да ги ослободи Луи и неговата сопруга, која се наоѓа во домашен притвор, како и ујгурскиот научник Илхам Тохти и двајца познати адвокати.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција