Кина ги обвини САД за „бескрупулозно“ кибер шпионирање

Од:

Пекинг ги обвини САД за „бескрупулозно“ кибер набљудување, вклучувајќи големи хакерски напади врз кинеската Влада и кинески компании.

– Шпионските операции на Америка преминаа далеку надвор од легитимната основа за „антитероризам“ и го обелоденија грдото лице на трагање по сопствените интереси при целосно непочитување на моралниот интегритет, се заклучува во извештајот на кинескиот центар за истражување на кибер просторот.

Извештајот беше објавен една седмица откако САД обвинија петмина кинески војници за кибер шпионажа. Во него САД се обвинети дека извршуваат „големи кибер напади врз Кина“.

– Целите на американското набљудување ја вклучуваат кинеската Влада и кинеските лидери, кинески компании, научно-истражувачки институти, Интернет корисници и голем број луѓе кои користат мобилни телефони, се наведува во извештајот.

Конкретно посочени како цели на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД се телекомуникацискиот гигант Хуавеи, Министерството за трговија, Министерството за надворешни работи и други. 

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД