Кина експресно побара САД да ја откажат продажбата на оружје за Тајван

Од:

Кина синоќа им се закани на САД со „контра-мерки“ доколку не се откажат од штотуку најавената продажба на оружје на Тајван, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон.

-Кина ќе преземе решителни легитимни и неопходни контрамерки со оглед на ситуацијата, рече портпаролот Лиу Пенџи.

Американската администрација претходно синоќа соопшти дека на Тајван ќе му продаде оружје во вредност од 1,09 милијарди долари.

Стејт департментот соопшти дека станува збор за ракети воздух-море Харпун, ракети воздух-воздух Сајдвиндер и, во најголем дел, пакет за логистичка поддршка за програмата за радарско набљудување на Тајван.

Стејт департментот соопшти дека опремата му е потребна на Тајван за да „одржи доволна способност за самоодбрана“. Администрацијата синоќа го извести Конгресот за продажбата.

Директорката на Белата куќа за Кина и Тајван, Лаура Розенберг доцна синоќа изјави дека додека Пекинг продолжува да го зголемува притисокот, вклучително и зголеменото воено воздушно и поморско присуство околу Тајван и додека се обидува да го промени статус квото во Тајванскиот теснец, САД на овој остров му го обезбедуваат сето тоа што му е потребно за „да се одржат неговите способности за самоодбрана“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И холивудските филмови станаа дел од трговската војна меѓу САД и Кина

ВИДЕО: Кина го сподели говорот на Реган против царините од 1987

(ВИДЕО) Трамп се заканува, Кина не се предава: беснее војната со тарифите

Катерина Ѓуровски

Трамп се закани со нови царини за кинеските стоки – стапката може да достигне и до 104 отсто

Предраг Петровиќ

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата