Кина целосно вакцинираше над една милијарда жители против Ковид-19

Од:

Кинеската Влада денеска соопшти дека целосно се вакцинирани повеќе од една милијарда луѓе во земјата против Ковид -19, односно над 70 проценти од нејзиното население.

Најнаселената држава во светот (1,4 милијарди жители), каде што новиот коронавирус што ја предизвикува оваа заразна болест се појави на крајот на 2019 година, инјектираше вкупно 2,16 милијарди дози вакцини од 15 септември, изјави портпаролот на кинеското Министерство за здравство, Ми Фенг.

Во некои места во Кина, коронавирусот се уште се појавува од време на време, на пример, во изминатите денови во источната провинција Фуџијан, каде што дневно се откриваат околу педесет случаи.

Официјално, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во земјата е 4.636. Од крајот на минатата година, Кина ги вакцинираше луѓето во земјата главно со две вакцини дадени во две дози – на кинеските компании Синовак и Синофарм.

Би можело да ве интересира

Сè повеќе земји воведуваат ограничувања за патниците од Кина поради корона вирусот

СЗО бара од Кина точни и реални податоци за заразени со коронавирусот

Корона се шири во Кина, болничкиот персонал во Шангај се подготвува за „трагична битка“

Горан Наумовски

Кинески град ќе ги вакцинира сите 300 илјади жители за пет дена поради 16 нови случаи на зараза

Заболените со Ковид-19 од Вухан сведочат: И по шест месеци чувствуваат дел од симптомите

Катерина Ѓуровски

Кина ја даде првата дозвола за вакцина против ковид на „Синофарм“