Кинески град ќе ги вакцинира сите 300 илјади жители за пет дена поради 16 нови случаи на зараза

Од:

Во кинеската провинција Јунан се појави ново жариште на епидемија со Ковид-19 по што властите најавија дека за пет дена ќе го вакцинираат целото население на еден град со 300.000 жители.

Државната телевизија објави снимки со луѓе кои чекаат во редови за вакцинација во градот Жулија, каде од вторникот се потврдени 16 случаи на зараза со коронавирусот.

Од вкупниот број на заразени, 12 се Кинези, а четворица се државјани на Мјанмар, со кои се граничи провинцијата Јунан. Официјален претставник на Комунистичката партија на Кина вчера изјави дека првите 159.000 дози на вакцината против Ковид-19 веќе пристигнале во градот.

Би можело да ве интересира

Сè повеќе земји воведуваат ограничувања за патниците од Кина поради корона вирусот

СЗО бара од Кина точни и реални податоци за заразени со коронавирусот

Корона се шири во Кина, болничкиот персонал во Шангај се подготвува за „трагична битка“

Горан Наумовски

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид