Кина апелира за воздржаност по новото тестирање на балистичка ракета на Северна Кореја

Од:

Кина денеска побара од сите страни смиреност и воздржаност откако Северна Кореја соопшти дека извела успешно тестирање на балистичка ракета со среден дострел.

Портпаролката на кинеското Министерство за внатрешни работи Хиа Чунјинг повтори дека Кина е против ракетните активности на Северна Кореја, кои не се во согласност со резолуциите на Обединети нации.

Северна Кореја потврди дека лансира балистичка ракета со среден дострел, истакнувајќи дека оружјето е подготвено за воена акција.

Севернокорејската новинска агенција (КЦНА) објави дека лидерот Ким Џонг-ун го набљудувал вчерашното лансирање на ракетата и „одобрил распоредување на овој систем на оружје за акција“.

Советот за безбедност на ОН утре зад затворени врати ќе разговара за најновата ракетна проба на Северна Кореја. Седницата е закажана на барање на САД, Јапонија и на Јужна Кореја.

Армијата на Јужна Кореја вчера соопшти дека ракетата прелетала околу 500 километри, достигнала висина од 560 километри и паднала во море во близина на источниот брег на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

(ВИДЕО) Американски професори се избодени со нож во Кина

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Кина

ВИДЕО: Кинеска сонда зеде примероци од темната страна на Месечината

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината