Ким Џонг-ун: За спогодбата со Сеул повеќе помогна нуклеарното оружје, отколку преговорите

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави денеска дека за постигнување на историската спогодба со Сеул повеќе придонело севернокорејското нуклеарно оружје, отколку преговорите.

На советувањето на Централната воена комисија тој појасни дека спогодбата, со која двете земји биле вратени кон помирувањето и довербата е постигната благодарение на Северна Кореја, јави БТА.

Спогодбата договорена во граничното село Панминџон, каде беше потпишано и примирјето по војната од 1950-53 година, овозможи да се намалат тензиите, во момент кога двете земји изгледаше дека се пред судир.

Сеул го прекина емитувањето на пропагандни пораки на границата, а Пјонгјанг изрази жалење за експлозијата на противпешадиски мини на почетокот на август, во која беа повредени двајца јужнокорејски војници.

Со спогодбата е предвидено двете земји да продолжат со дијалогот.

Ким Џонг-ун сепак нагласи дека тоа не значи оти Северна Кореја ќе дискутира за средствата за прекин на својата нуклеарна програма, која според него е главен фактор за мирот.

– Спогодбата во Панминџон во никој случај не беше постигната на преговарачка маса, туку благодарение на нашата колосална воена сила и на нашиот голем нуклеарен арсенал, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он