Ким Џонг Ун со недели никаде не се појавува, можно е да е болен

Од:

Медиумите наведуваат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, речиси три недели не се појавил во јавност и дека се претпоставува дека причина за тоа се здравствени проблеми, но и можноста од нестабилност во режимот.

Во четврток во центар на вниманието беше заседанието на севернокорејскиот парламент, на кое се очекуваше да појави лидерот, но тоа не се случи.

-Се претпоствува дека е лоша неговата здравствена состојба, тоа го потврди и снимката на која се гледа како накривува. Беше сосема видливо дека не може да оди бргу и да одржува правец-изјави Тошимиси Шегејмира, професор на токискиот Универзитет Васеда.

Како што порано беше објавено Ким Џонг Ун нагло се здебелил во последните три години, односно откако го наследи својот татко Ким Џонг Ил. Некои сметаат дека причина за тоа е секојдневниот стрес, но и неговата љубов кон храната.

-Втора можност поради која Ким не се појави е борбата за моќ во внатрешноста на севернокорејската војска, што значи дека ситуацијата во Пјонгјанг е нестабилна- појасни професорот и додаде дека постои можност и да се случила некаква несреќа.

На почеток на годинава се појавија и шпекулации дека воени лица се обиделе да извршат атентат на Ким, по што набргу започнаа неговите чистки, во кои според некои наводи убил и членови на сопственото семејство.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он