Ким Џонг-ун само годинава наредил 15 егзекуции

Од:

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун само во текот на оваа година наредил 15 егзекуции, меѓу кои и на високо позиционирани политички фигури од власта, казнувајќи ги затоа што ја оспориле неговата власт, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на јужнокорејската агенција Јонхап.

Јужнокорејските меидуми денеска ја пренесуваат изјавата на неименуван извор одНационалната разузнавачка служба дадена на затворената седница на комисијата за разузнавање во јужнокорејскиот Парламент. Според изворот, еден од егзекутираните е заменик министерот за шуми, а казната ја добил затоа што се жалел на државната политика.

Од цитираната изјава на разузнавачот, исто така, станува јасно дека јужнокорејското разузнавање очекува Ким Џонг-ун да замина за Москва на свеченостите по повод Денот на победата.

Ова ќе биде првата посета на севернокорејскиот претседател во странство откако ја презеде власта во 2011 година по смртта на неговиот татко.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он