Ким Џонг-ун: Пред нашето ново оружје непријателските тенкови пукаат како зрела тиква

Од:

Северна Кореја разви ново противтенковско оружје за кое нејзиниот лидер Ким Џонг-ун тврди дека дека пред него се распаѓаат и најотпорните непријателски тенкови како „зрела тиква“.

Ким за време на тестирањето на ласерски наведуваниот преносен ракетен фрлач изјави дека тоа ново оружје има најголем дострел на светот и дека е прецизно како снајпер, јави Танјуг.

– Со задоволство забележав дека пред нашето противтенковско оружје специјалните тенкови и оклопните возила со чија ударна сила се фали нашиот непријател, се распаѓаат како зрела тиква, рече тој.

Ким нареди што е можно поскоро да почне масовното производство на новото оружје, кое ќе ги користи војската на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он