Ким Џонг-ун подготвен за дијалог со Токио

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун изрази подготвеност за дијалог со Јапонија за време на средбата со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, соопшти денеска кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

– Откако Мун му кажал на Ким дека јапонскиот премиер Шинѕо Абе е подготвен да разговара со Северна Кореја, Ким одговорил дека неговата земја исто така е подготвена да го стори тоа, се додава во соопштението.

Претходно Мун разговарал со Абе за да го информира лично за разговорите со Ким.

Абе на прес-конференција во Токио изјави дека Ким и Мун разговарале и за прашањето за киднапираните јапонски државјани од Северна Кореја во 1970-тите и 1980-тите.

Јапонскиот премиер исто така рече дека сака да му се заблагодари на Мун за тоа што за време на разговорите со Ким го поставил прашањето за киднапираните Јапонци. Абе додаде дека Мун му предложил решавање на прашањето, но не кажа како одговорил севернокорејскиот лидер.

– Не можам да дадам детали, рече јапонскиот премиер. Решавањето на тоа прашање е негов приоритет.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Русија и подари на Северна Кореја 447 кози

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја