Ким Џонг-ун: Ќе лансираме уште сателити

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Северна Кореја планира да лансира уште сателити, како и дека вселенските истражувања и се стратешка цел, јави Танјуг.

– Освојувањето на вселената е… жестока борба против непријателските сили, кои настојуваат да ни го узурпираат мирот и суверенитетот, рече Ким во средата на свеченото доделување на наградите на учесниците во лансирањето сателит претходно овој месец, за што Западот смета дека всушност било тестирање на балистичка ракета.

Нарекувајќи ги научниците, кои биле ангажирани во лансирањето на 7 февруари „најдобри патриоти и херои вредни за восхит“, Ким им врачи медали и рачни часовници со изгравирани имиња на починатите лидери на династијата Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил.

Северна Кореја предизвика загриженост на меѓународната заедница кога лансираше, како што тврди сателит во орбитата, само еден месец откако ја  изврши четвртата нуклеарна проба.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он