Киев: Изминатите 24 часа убиени 14 украински војници

Од:

Во изминатите 24 часа убиени се 14 украински војници, а 173 се повредени во судири со проруските сили во Источна Украина, изјави извор од украинската армија.

Киев повлече околу две илјади војници во средата од стратешкиот град Дебалцево, по жестоки напади на проруските сили, иако прекинот на огнот стапи во сила на 15 февруари, пренесува БТА.

Украинскиот претседател Петро Порошенко претходно се заложи за меѓународна мировна мисија под мандат на ОН, што ќе биде задолжена за набљудување на спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Источна Украина.

Рускиот амбасадот во ОН Виталиј Чуркин денеска изјави дека украинскиот повик за мировници на ОН во зоната на конфликт има за цел уништување на договорот од Минск.

Во конфликтот во Украина, што почна во април минатата година досега животот го загубија над 5.600 лица.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17