Доскорешната лидерка на Лабуристичката партија во Шкотска, Кезиа Дагдеил изјави во Единбург дека морала да се повлече од функцијата поради својата хомосексуалност.
Во првата јавна реакција, од пред два дена, Дагдеил само рече дека е задоволна што ја остава партијата во подобра позиција отколку во времето кога беше избрана за лидер, но и дека на шкотските лабуристи им е потребна „свежа енергија и нов мандат“.
Дагдејл одби да даде други детали за неочекуваното повлекување, иака таа порано го има критикувано актуелниот лидер Џереми Корбин, а од извесно време се наоѓаше на удар на левицата во сопствените редови.
Сега таа открива дека притисокот се однесувал за нејзината сексуална определеност.
– Морав да заминам од функцијата како геј личност, откако тоа беше обелоденето од страна на списанието „Фабиан Ривју“, истакна Дагдеил.
Списанието е издание на „Фабиан Сосаети“, социјалистичка организација уште од 19 век, што отсекогаш е поврзана со британската Лабуристичка партија, и тоа има направено интервју со досегашниот лидер на шкотските лабуристи.
Дагдеил тврди дека побарала, делот од разговорот во кој станува збор за нејзината сексуалност, да не биде вклучен во целината на интервјуто, но дека нејзиното барање било игнорирано.
– Не одбивам да зборувам за тоа, но барам тоа да не влегува во интервјуата што ги давам, затоа што мислам дека мојата интима, мојата приватност не им е значајна на јавноста и на оние на кои им се обраќам, истакнува Дагдеил.
Авторот на интервујто, инаку жена, се брани дека лабуристичката политичарка не побарала од неа да не се објави деталот за хомосексуаноста, но „Фабиан Сосаети“ и се извини на Дагдеил за „вознемирувањата поради интервјуто“.
Кезиа Дагдеил е пратеник во шкотскиот Парламент ( Холируд) од 2011 година, од изборната единица во областа Лотија. Во приватниот живот, таа е во врска со пратеничка во Холируд од редовите на противничката Шкотска национална партија (СНП).
Таа тврди дека во досегашната нејзина политичка работа, нејзиниот приватен живот, во ниту еден момент не било пречка ниту за неа, а ниту за шкотските гласачи да и даваат доверба.
Податоците по последните британски парламентарни избори покажуваат дека на Британците не им пречи да се определиваат за пратеници кои се дел од ЛГБТ заедницата. Во сегашниот состав на Парламентот во Лондон, дури 45 пратеници и припаѓаат на таа заедица.