Кери во дипломатска акција за враќање на улогата на САД во југоисточна Азија

Од:

Американскиот секретар Џон Кери денеска ја започна серијата средби со министрите за надворешни работи на државите членки на АСЕАН, кои се собрани во административниот центар на Мајнмар Најпајдав на редовна годишна средба на шефовите на дипломатии на десетте земји од југоисточна Азија. Медиумите во овој дел на светот, без исклучок, констатираат дека оваа дипломатска рунда на Кери има првенствена задача да го врати поранешното влијание на САД во регионот. Поради воено-политичките ангажмани  на САД на Блискиот Исток и во Авганистан, но и поради нормализација на односите на Кина со државите, членки на АСЕАН, порано доминантното влијание на САД во овој регион е значајно намалено.

По првата средба, со виетнамскиот шеф на дипломатијата  Пам Бин Мин , Џон Кери изјави дека САД се надеваат на „комплетен процут’’ на односите со Виетнам. Оваа азиска држава, со тесни политички и економски односи со Кина, има нарушени односи со Пекинг , што ги предизвика спорот за сувереноста над Јужното Кинеско Море.

Министрите за надворешни работи на АСЕАН, меѓутоа, соопштија дека воопшто не го ставиле на дневен ред американскиот предлог за решавање на споровите околу сувереноста над водите и териториите на Јужно Кинеско Море. Генералниот секретар на АСЕАН, Ле Луонг Мин по тој повод изјави дека АСЕАН и Кина во 2003 година потпишале рамковна спогодба за решение околу спорната поморска територија.

АСЕАН е групација на држави од југоисточна Азија што ја сочинуваат Виетнам, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Камбоџа, Малезија, Филипините, Брунеј, Сингапур и Индонезија. Во центарот на вниманието на министрите за надворешни работи, на годинешниов состанок,што ќе трае три дена, се прашања поврзани со прогласувањето на зедничкиот пазар на Асоцијацијата во втората половина на идната година.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас