Кери вети 47 милиони долари помош од САД за цивилното население во Газа

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери вети 47 милиони долари хуманитарна помош за цивилното население во Појасот Газа, што е главна жртва на конфликтот меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас.

Кери е во посета на Каиро со цел да помогне во напорите за прекин на огнот меѓу исламистичкото движење Хамас и Израел во Појасот Газа.

САД ќе доделат 15 милиони долари на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, што упати повик за донации, објавувајќи дека се неопходни 60 милиони долари за справување со кризата. Останатите 32 милиони долари ќе бидат обезбедени од Американската агенција за меѓународен развој, објави американскиот Стејт департмент.

Би можело да ве интересира

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот