Кери разговараше со лидерот на сириската опозиција

Од:

Државниот секретар на САД Џон Кери синоќа разговараше со лидерот на сириската опозиција за да ја нагласи решеноста на САД во ставот дека сириската влада е одговорнa за употребатa на хемиско оружје, пренесува БТА изјава на висок претставник на Стејт департментот.

Кери разговарал со претседателот на сириската опозициска коалиција Ахмад Аси Џарба за да се потенцира „ангажманот на претседателот Барак Обама да се одржи ставот дека режимот на Башар ал Асад е одговорен за нападот со хемиско оружје против сопствениот народ на 21 август“ рече претставникот.

На тема Сирија, Кери исто така разговарал и со надворешните министри на Саудиска Арабија и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас