Кери: Насилството во Сирија е доказ дека Башар ал Асад треба да се повлече од власта

Од:

Државниот секретар на САД Џон Кери, кој се наоѓа во посета на Лондон, изјави дека насилствата во Сирија се уште еден доказ дека претседателот Башар ал Асад треба да се повлече од власта.

Кери остро ги осуди и последните насилства врз цивили во Сирија. Според него, многу е тешко да се прифати сериозно изразената подготвеност од сириската влада за преговори со опозицијата, додека ракетите, истрелани од владините сили, продолжуваат да паѓаат во станбени населби.

Американскиот државен секретар ја повика сириската опозиција да испрати свој претставници на Римската конференција, која ќе се одржи за време на неговата посета на италијанскиот главен град. – Ние одиме во Рим, не за да разговараме, туку да донесеме одлуки за следните чекори во однос на Сирија, истакна Џон Кери.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг на заедничка прес-конференција со американскиот државен секретар Џон Кери повика поддршката за сириската опозиција да биде значително зголемена, со цел да се стави крај на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас