Кери го оцени говорот на Хамнеи како многу вознемирувачки

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери говорот на иранскиот верски лидер Али Хамнеи во саботата, во кој најави дека ќе и пркоси на американската политика во регионот наспроти нуклеарниот договор со светските сили, го оцени како многу вознемирувачки.

– Не знам како тоа да го толкувам во овој момент, освен да го прифатам здраво за готово, бидејќи тоа е негова политика, изјави Кери за саудиската телевизија Ал Арабија.

Хамнеи минатата недела пред следбеници во џамија изјави дека американската политика во регионот се разликува за 180 степени од ирнската. – Дури и по овој договор, нашата политика кон арогантните САД, нема да биде променета, нагласи Хамнеи.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас