Кенијците ќе бидат под полициски час и без алкохол и во следните 30 дена

Од:

Претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата, го продолжи полицискиот час на уште 30 дена, а продажбата на алкохол во рестораните е забранета поради, како што рече, несовесно однесување на граѓаните додека расте бројот на заразени со новиот коронавирус.

Висок африкански службеник за здравство изјави пред неколку дена дека бројот на новозаразени лица во Кенија расте „многу, многу брзо“. Повеќе од 17.000 луѓе се заразени уште од почетокот на епидемијата.

Кенијата рече дека во Кдржавата, релативно ниската стапка на смртност (околу 1,6 проценти) им обезбедила на луѓето „лажна утеха дека тоа не е сериозен ризик по здравјето“.

Тој предупреди дека доколку дојде до голема криза поради вирусот, економијата, инвестициите и туризмот ќе бидат загрозени.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска