Кенија покрена постапка за исчезнување медицинска донација

Од:

Властите во Кенија покренаа истрага по повод исчезнувањето на донацијата на заштитна медицинска опрема, што земјата ја доби од Кина за борба против вирусот Ковид-19, соопштија денеска официјални лица.

Од опремата, вредна два милиона долари, недостигаат хируршки маски, заштитни одела, изолациски наметки и термометри, пренесува Би-Би-Си.

Од почетокот на епидемијата, Кенија доби донации од бројни меѓународни организации, меѓу кои и од милијардерот Џек Ма, ММФ и многу земји од ЕУ, но Владата во таа африканска земја се соочува со обвиненија дека ги користела овие донации, бидејќи медицинските работници реагираат на недостиг на заштитна опрема.

Министерот за здравство на Кенија, Мутахи Кагве призна дека има „чудни елементи“ во целата приказна и вети дека ќе ги изведат сторителите пред лицето на правдата.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска