Кенеди: Ве лажат, Русите ги убиваат Украинците со 8:1

Од:

Конкурентот на Бајден за демократската претседателска номинација, Роберт Кенеди Јуниор, изјави дека Американците „лажат“ кога велат дека конфликтот во Украина е проблем за САД.

„Во Украина сме од вистински причини, затоа што ги поддржуваме Украинците, навиваме за послабите. Мојот син Конор беше во Украина и се бореше против Русите, но мораме да го поставиме прашањето зошто сме во Украина“, рече Кенеди Јуниор, кој вчера ја објави својата кандидатура.

Ако сме таму за да ги исцрпиме Русите, како што рече министерот за одбрана Лојд Остин, или да го смениме Владимир Путин, како што рече Бајден, тогаш ги користиме Украинците како пиони, убивајќи ги во прокси војна меѓу двете сили, рече синот на поранешниот американски секретар за правда Роберт Кенеди и внук на претседателот Џон Ф. Кенеди.

„Никој не зборува за тоа, но загинаа 14.000 украински цивили, 300.000 воени лица. Русите убиваат Украинци во сооднос 7:1, 8:1 и тоа тие не можат да го издржат. Сè што ни кажуваат за оваа војна е лага“, рече Кендеи Јуниор.

Кенеди ја критикуваше администрацијата за откажување на бонови за храна и социјална заштита за најсиромашните Американци, а во исто време испрати 113 милијарди долари во Украина.

Претседателскиот кандидат во 2024 година тврди дека земјата ги спасува банкарите и плаќа за конфликт што не може да си го дозволи. „Нашата демократија се претвора во корпоративна плутократија“, рече Кенеди.

Иако тој не е фаворит, истражувањето на USA Today и Универзитетот Сафолк покажа дека 14 отсто од гласачите кои гласале за Бајден во 2020 година сега ќе гласаат за Кенеди.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски