Казнета Кралската банка во Шкотска

Од:

Американските и британските власти ја казнија шкотската Кралска банка, со нешто повеќе од 610 милиони долари, поради манипулација на каматните стапки.

Кралската банка е една од трите големи банки, кои се вмешани во меѓународниот скандал за местење на каматни стапки.

Лондонската меѓубанкарска каматна стапка се користи како основа за пресметување на каматите за милијарди работни договори во светот, од одобрување на банкарските кредити до купување обврзници.

Се наведува дека банката од Шкотска, давала погрешни податоци за каматните стапки, за лична корист.

Американските и британските власти ја казнија банката со 460 милиони долари, додека таа уште 150 милиони долари треба да плати на Министерството за правда.

Кралската банка со седиште во Единбург, постои од 18-ти век и во неа се вработени 141 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски