Казино кражба во Австралија според „Oceans eleven“

Од:

Од најголемото казино во Австралија, Краун, украдено е 32 милиони долари, а кражбата е изведена според познатиот филм на Стивен Спилберг, „Оушнс илевен“.

Според весникот „Хералд сан“, странецот кој гостувал во казиното мамел во покер во осум раце за кратко време. Измамата била откриена неколку недели подоцна, и гостинот бил отстранет во текот на ноќта.

Кражбата била спроведена заедно со помоштта на вработен во Краун, кој бил отпуштен. Казиното смета дека вработениот ги употребувал камерите за видео надзор за да го советува странецот при влогови.

Безбедносниот консултант на казиното, Бејрон Стрингфелоу, вели дека е лесно да го фати сигналот на контролните камери.

„Проблемот кај казината е што мислат дека е недопирливи, но се почесто гледаме дека тоа не е точно“ вели тој за Еј-Би-Си радио.

Според него, вработениот би требало да има безжичен микрофон кој пренесувал до ситен ушен звучник на играчот.

„Тоа е всушност невидливо ако го покриете со дел од косата“, објаснува Стрингфелоу.

Казиното продолжува со истрагата и смета дека ќе успее да ги врати парите.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча