Казенев: Расте бројот на француски исламисти во Ирак и во Сирија

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев денеска изјави дека бројот на француски државјани кои се придружиле на радикалните исламисти во Ирак и во Сирија годинава забележал значителен пораст.

– Бројот на француски радикални исламисти во Ирак и во Сирија годинава пораснал за 74 проценти и сега нивниот број изнесува околу илјада, посочи Казенев.

Тој наведе дека во бројката се вклучени и француските исламисти кои патувале во Сирија и во Ирак или се вратиле од тие земји, како и тие исламисти кои планираат да патуваат таму.

– Париз интензивнио ја следи активноста на групите кои американскиот Стејт департмент минатата недела ги идентификуваше како француски огранок на Исламска држава, истакна Казенев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци