Казахстанскиот претседател вети заштита на Русите кои бегаат од мобилизацијата

Од:

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев денеска даде уверување дека неговата земја ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да ја избегнат моменталната мобилизација во Русија.

„Последниве денови многу луѓе доаѓаат кај нас од Русија. Повеќето се принудени да заминат поради безизлезната ситуација. Треба да се грижиме за нив и да се погрижиме да бидат безбедни“, рече Токаев кој е сојузник на Москва, но се огради од Кремљ од почетокот на руската офанзива во Украина.

Казахстанскиот претседател истовремено повторно го осуди конфликтот во Украина и повика на почитување на територијалниот интегритет, во мигови кога Русија организира референдуми за припојување четири украински региони.

„Територијалниот интегритет на државата треба да биде неотуѓив, тоа е клучен принцип. Во нашето непосредно соседство се води голема војна. Треба да го запомниме тоа, мислејќи пред се на нашата безбедност“, рече Токаев.

Поранешната советска република во Централна Азија е сојузник на Русија и членка на економската и царинската унија со Русија, а исто така има добри односи со Западот и со Кина.Руската офанзива во Украина го разбуди стравот кај некои во Казахстан дека и тој би можел да стане цел на руските амбиции, пред се поради долгата граница со Русија и бројното руско малцинство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков