Римокатоличката црква и сите христијански цркви кои времето го сметаат според Грегоријанскиот календар вечерва слават Бадник, пред Божиќ, празникот на раѓањето на Исус Христос.
Бадникова вечера, а од полноќ и Божиќ, одбележуваат истовремено сите православни цркви кои го имаат прифатено новото сметање на времето, додека Македонската, Руската и Српската православна Црква, Ерусалимската Патријаршија и Света Гора овој празник го прославуваат според Јулијанскиот календар, 13 дена подоцна.
Според преданието Исус Христос е роден 25 декември во пештера во Витлеем, па тој датум, со разлика во календарите, се почитува низ целиот христијански свет.